Darko Taleski
 
  Home
  Portfolio
  Графичен дизајн
  Catalog
  Guestbook
  Contact
Графичен дизајн

Терминот графичен дизајн е релативно нов термин кај нас. Постојат повејќе концепции и теории за графичниот дизајн.
    Терминот „графичен дизај“ е составен од два збора „графичен“ и „диозајн„. Графиката во пошироко значење означува визуелно претставување на површини како ѕидови, платно, копјутерски монитор, хартија, камен и др. Со цел да илустрира, информира или забавува. Како такви се цртежите, дијаграмите, ликовните графички дела, информативните карти, симболите и др, кои не се составени само од текст. Графиката се сврзува со техниките за цртање, гравирање, печатење и други техники кои што се взаемно поврзани и неопходни во процесот на создавање на еден графички израз, кој што треба да информира или илустрира даден проблем.
    Графиката често пати се користи во комбинација со текст и бои, кои што елементи ја зголемуваат информативноста и визуелноста на пораката. Графиката може да биде функционална или уметничка или пак графика кој што помага во разбирањето на определени појави и графика која што предизвикува задоволство со незиното присуство и незиното постојано толкување т. е. како духовна храна за човечките уметнички потреби.
    Исто така графиката може да биде имагинативна или да претставува дел од реалноста или во краен случај збир и на двете.
    Терминот „дизајн“ доаѓа од латински десигнаре, што означува цртам, го претставувам нештот преку цртеж. Зборот „дизајн“ во англсикиот јазик добива повејќе значенија, т. е. означува проект, модел, композиција, скица, цртеж, форма, детал, форми и бои и т. н. Широкото значење на зборот „дизајн“ е допринесло за негова употреба заедно со прилозите: графичен, моден, индустриски, автомобилски, текстилен и т. н.
    Во врска со дизајнот Балтезаре Кастилионе Кортеџано во 1528 год. кажува: „Независно од тоа какви предмети набјудувате, секогаш ќе откривате дека тие од нив кои се квалитетни и корисни се и убави“. Во обшта смисла дизајнот може да се разгледа како средство за подобрување на квалитетот на животот.
    Терминот „дизајн“ може да се определи уште како тремин кој опфаќа цели процеси на создавање на еден производ, започнувајќи од почетниот стадиум на создавање на проектот, па се до оформувањето на готовиот производ, а и процес на оформување на печатната продукција. Дизајнот се определува и како средство за комуникација меѓу луѓето т. е. како специфичен поглед кон карактерот и начинот на мислење на авторот, кон неговите погледи и аспекти на врската меѓу предметите, корисниците, творечкиот процес и обшеството.
    Пиктограмите и идеограмите уште од пред илјадници години преставуваат најраните форми на графичен дизајн. Традиционално графичките дизајнерски предлози во историјата претставуваат идеи за обштување преку користење на графични елементи како типографија, фотографија и илустрации. Поточно кажано графичниот дизајн уште во почетокот е претставувал средство за обштување, која што функција и денес ја има. Користејќи го графичниот дизајн, рекламата успева да создаде директни врски со примателите на испратените пораки, т. е. да обштува со целната аудиторија, кон која што треба да го приближи рекламираниот производ. Во тој процес, графичните елементи и нивниот дизјан ја имаат една од водечките улоги.
    Графичниот дизајн се определува и како форма на визуелна комуникација, процес на избор, творење и подредување на знаци на определена површина со цел пренесување на определена порака. Тие знаци можт да бидат букви ( типографија ) или илустрации и фотографии. Воопштено графичниот дизајн претставува творечки процес во многу медиуми како печатени, дигитални, дизајн на производи, дизајн на амбалажа и др.
    Начините за ефективност во пренесувањето на една рекламна  порака во голема степен зависат од изборот на најпотребните графични елементи, кои што графичниот дизајнер во процесот на творење треба да ги селектира, редактира или создаде и подреди на начин, кој што ќе ја направи пораката визулно да комуницира со примачот на истата. Правилниот избор на фонт на букви, во сооднос со другите елементи на пораката, со кои визулено ќе се надополнува, може во голем степен да ја зголеми ефективноста на пораката и обратно. Се разбира дека во овој процес своја улога има и медиумот, преку кој рекламната порака ќе биде пренесена. Одделни видови медиуми носат различн тип на визуелизација, така да одделни графични елементи, вклучени во пораката, по различен начин ќе дејствуваат, доколку се пренесуваат преку различен тип на медиум.
    Постои една класична теорија за дизајнот, според која визуелната возбуда од дизајнерската работа е резултата на тоа како композицијата на елементите на дизајнот ги следат принципите на дизајнот т. е. како естетиката допринесува за поголема визуелна возбуда на пораката.

Marketing and management consultancy, Art Gallery www.masa-uk.com
 
   
Today, there have been 1 visitors (2 hits) on this page!
This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free